Услови на користење

Perfecthair.mk

Ви овозможува користење на услуги и содржини од овој сајт во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење важат за сите содржини и услуги на страницата www.perfecthair.mk. Се смета дека корисниците се запознаени со овие услови доколку користат било кој дел од сајтот, како и дека го прифаќаат користењето на содржините од овој сајт само за лична употреба и на сопствена одговорност.

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следниве услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите.
Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите услугата за онлајн купување.

1. Општи одредби

Perfecthair.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од сајтот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Perfecthair.mk ја администрира оваа страница во Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено копирање или прилагодување на достапните материјали кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
Perfecthair може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на оваа локација.
2. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини) Личните податоци кои ги проследувате до сајтот Perfecthair.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
3. Врски (линкови) кон други веб локации
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, добро е да знаете дека сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролираме ние и не сме одговорни за било која од овие локации или нивната содржина. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

1. Избор на производи

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. На сајтот се достапни многу производи во неколку категории.

2. Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите.
Со едноставен клик на иконата за кошничката, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

3. Плаќање на производите од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да стиснете на копчето “плати”. Потоа е потребно да ги внесете бараните податоците за плаќање и достава. Доколку производот се нуди на продажба со одредени купони со поволности, ќе треба да го пополните и полето за купон.
За сите дополнителни прашања можете да нѐ контактирате преку онлајн формата за контакт на сајтот, да ни пишете на меил perfecthairmk@gmail.com

ДОСТАВА

Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.
Курирот ја доставува пратката на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот.
Ве молиме да обезбедите лице кое во тој период ќе биде на потврдената адреса за да ја превземе пратката. При превземање на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот за случајно да не забележите некакви видливи оштетувања.
Доколку забележите дека транспортната пратка е значително оштетена и се сомневате дека производот не е во ред, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ. Доколку пратката е наизглед без оштетувања, слободно превземете ја и потпишете ја адресницата која Ви ја доставува доставувачот/курирот. Доколку доставувачот/курирот не Ве пронајде на доставената адреса, вообичаена пракса е да Ве повика телефонски на бројот кој сте го доставиле при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин на достава.

РЕКЛАМАЦИИ

При превземање на пратката Ве молиме во присуство на курирот да го проверите својот пакет. Доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови и нагмечувања) пакетот не би требало да го превземете. Во овој случај Ве молиме да ни пратите емаил со Ваши податоци (име, презиме и телефон) и по можност и слика од пратката на адресата perfecthairmk@gmail.com и да ја наведете причината поради која сте одбиле да го превземете пакетот. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.
Доколку сте ја примиле пратката и по отворање на пратката сте утврдиле дека испорачаната роба не одговара на нарачаната или податоците на сметката не се соодветни, Ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката да ни пратите емаил со Ваши податоци (име, презиме и телефон) и по можност фотографија на адресата perfecthairmk@gmail.com и да опишете каков проблем сте воочиле. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка. Производот не може да се замени во случај кога е отворен и користен.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Во име на Perfecthair.mk се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните, основни податоци за купувачите/ корисниците и податоците неопходни за работење и информирање на корисниците согласно со добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи опција за одлука дали сакаат или не сакаат да се избришат од маилинг листата која се користи за маркетинг кампањи. Сите податоци за корисниците/купувачите строго се чуваат и се достапни само на вработените на кои тие податоци им се неопходни за работа.

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Perfecthair.mk има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво на сметката од која е направено плаќањето.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој го платил производот при достава до наведената адреса, се прави сторна фискална сметка.
За да се направи овој поврат на средства, потребно е купувачот да ја чувал фискалната сметка која ја добива при достава на производот на врата и во тој момент да го платил производот во готови средства. Без приложување на фискалната сметка нема да може да се вратат средствата.