Miracle Silk Leave-in 120ml

1,740.00ден

Спреј регенератор кој не се измива за зацврстување на структурата на влакното и неверојатен сјај.

Намена: Овој спреј регенератор внимателно формулран со протеин од свила е наменет за длабинска нега на сите типови на коса, зацврстувајќи ја структурата на влакното од скалпот па сè до врвовите.

Збогатен со моќните перформанси на свилата, овој спреј регенератор е сè што ви е потребно за здрава, сјајна и свиленкасто мека коса. Нанесете на сува или мокра коса за да ѝ дадете длабинска нега на косата и да го зацврстите влакното од скалпот па сè до врвовите.

Внимателно одбраната формула обезбедува долготрајни резултати за целосна обнова на косата, која воедно е заштитена од влага, топлина и слободни радикали. Не ја натежнува косата и помага за полесно стилизирање.

Состав:

  • Хидролизирана свила
  • Екстракт од сончогледово семе
  • Екстракт од лист од бела црница
  • Линалол
  • Палмино масло
  • Хидролизиран колаген
  • Масло од семе од црвена малина

 

10 придобивки за косата во едно шишенце:

  1. Ја заштитува косата од топлина.
  2. Лесно и безболно ја расплетува.
  3. Ја негува длабински косата.
  4. Ја прави косата свиленкасто мазна.
  5. Помага за надоместување на недостатокот од протеини во влакното.
  6. Ја скротува непослушната коса.
  7. Ја обновува сувата и оштетена коса.
  8. Го враќа сјајот на косата.
  9. Ја подобрува природната структура на влакното.
  10. Ги обновува распуканите врвови на косата.

Начин на употреба: Нанесете рамномерно по должината па сè до врвовите на мокра коса просушена со пешкир. Расчешлајте ја косата и стилизирајте ја по желба. Продуктот не се измива.

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Be the first to review “Miracle Silk Leave-in 120ml”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *